ПОВЕЌЕ

    СКОПЈЕ НА ЕВРОПСКАТА МАПА НА БИЗНИС РЕГИСТРИТЕ: Генералното собрание на EBRA во декември воМакедонија

    Време зa читање: 2 минути

    Скопје ќе биде домаќин на следното Генерално собрание на European Business Registry Association (EBRA), кое ќе се одржи во декември годинава. Одлуката беше официјално соопштена од Бордот на асоцијацијата за време на годишната конференција и Генералното собрание што деновиве се одржува во Малта.

    Изборот на македонската престолнина за домаќин на еден од најзначајните настани во европската мрежа на бизнис регистри претставува признание за работата на Централниот регистар и за неговата активна улога во меѓународната заедница.

    Директорката на Централниот регистар, д-р Анита Стамнова, која е член на Генералното собрание на EBRA, оцени дека организацијата на настанот во Скопје е потврда за угледот, професионалноста и посветеноста на институцијата во следењето на современите европски стандарди и практики.

    Според неа, довербата што ја укажува Европската асоцијација на бизнис регистри е признание дека Централниот регистар успешно се развива и соработува рамноправно со водечките светски и европски регистри.

    Генералното собрание на EBRA во Скопје ќе собере претставници на бизнис регистрите од повеќе европски земји, кои ќе разговараат за актуелните предизвици, дигитализацијата и идниот развој на регистарските системи во Европа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично