ПОВЕЌЕ

    Сите полнолетни Словенци од државата ќе добијат ваучер од 200 евра за летување

    Време зa читање: < 1 минутa

    Со цел поддршка на граѓаните и локалниот туризам, Владата на Словенија одлучи на сите полнолетни граѓани да им додели ваучери од 200 евра, кои ќе можат да се искористат за летување во земјата, јави дописникот на МИА од Љубљана. Вакви ваучери ќе добијат и пензионерите и независните земјоделци. Според премиерот Јанез Јанша, намената на овие ваучери е да се плаќа и финансиски помогне сместувањето на граѓаните во туристичките објекти во Словенија.

    Според најавите истите не можат да се користат за плаќање во ресторани или други угостителски објекти.

    Туристичката дејност во Словенија е една од најпогодените до епидемијата на новиот коронавирус, а најголем дел од луѓето кои изгубија работа се токму од тој сектор.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично