ПОВЕЌЕ

    СИЛК РОУД БАНКА ВРАБОТУВА РЕФЕРЕНТ во Служба за производи и поддршка на продажбата

    Време зa читање: 2 минути

    СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

    Банката вработува РЕФЕРЕНТ во Служба за производи и поддршка на продажбата.

    Дел од работните задачи на референт во Службата за производи и поддршка на продажбата се следните:

    • Постапува со кредитните апликации што ги доставуваат клиентите – физички лица преку алтернативните канали на продажба (наменски потрошувачки кредит преку трговци);
    • Ги оценува кредитните предлози и дава кредитни мислења / препораки, исто така учествува на седниците за соодветната кредитна комисија;
    • Ги развива и проширува продажните канали за производите и услугите за население преку градење блиски и продуктивни соработки со експозитурите, клиентите и трети страни (трговци);
    • Учествува активно во активностите кои вклучуваат работа со трговци, комуникација со корпорации и сл.

    Избраниот кандидат треба да поседува:

    • Универзитетска диплома во областа на економија, финансии и банкарство
    • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
    • Високо ниво на комуникациски вештини
    • Добри аналитички вештини
    • Флексибилност
    • Иницијативност

    Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

    Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [email protected] со задолжителна назнака за “референт во Служба за производи и поддршка на продажбата” најдоцна до 04.04.2023 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично