ПОВЕЌЕ

    Сезонска работа: Што значи и кои се вашите права?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Законот за работни односи со член 47 го регулира делот кој се однесува на сеознската работа. Според него, сезонската работа е работа која поради климатските или природните услови не се извршува во текот на целата година, туку во одредени периоди – сезони, која не надминува осум месеци во период од 12 последователни месеци.

    Работникот кој по договор за вработување на определено време врши сезонски работи, односно работа во нееднакво распоредено работно време без прекин најмалку три месеци во годината и притоа одработи повеќе часови отколку што е одредено за работа со полно работно време, може да бара часовите да му се пресметаат во работни денови со полно работно време.

    Според ставот 2 од истиот член, пресметаните работни денови се внесуваат во работниот стаж на работникот, како да ги поминал на работа. При што вкупниот работен стаж во календарската година не смее да надмине 12 месеца.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично