Во првото тримесечје од оваа година, стапката на слободни работни места изнесува 1,81%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот Административни и помошни услужни дејности, односно 4,10%, додека најмала е стапката во секторот Образование, во којшто изнесува 0,47%.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, којашто изнесува 2,22%. Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места, од 2,80%.
Најголем број слободни работни места, односно 2.878, има во петтата група занимања ‒ Работници во услужни дејности и продажба.