ПОВЕЌЕ

    Пари дознава кој ќе ја реши битката за превласт во Реплек?

    Време зa читање: 2 минути

    За превласт во компанијата, настана борба за акција плус, акциите на Реплек стануваат повредни од злато. Додека акционерите се борат за превласт брокерската куќа Еурохаус АД Скопје преку Македонска берза известува дека на 21.04.2021 година (Среда), на барање на клиент, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје), ќе се понуди за продажба пакет од 1.783 акции издадени од Реплек АД Скопје што претставува 6,88% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 135.000,00 денари по акција преку моделот “се или ништо“.

    Централниот депозитар на хартии од вредност ги содржи информациите за акционери кои имаат над 5% акции во компаниите. Според податоците од таму, акционер во Реплек кои поседува 6,88% од акциите во фармацевтската компанија кои што се нудат на продажба одговараат на процентот на акции што ги поседува Сава пензиско друштво. Во централниот регистар се впишани 6,40% од акциите на Задолжителниот пензиски фонд на Сава. Останататите 124 акции кои изнесуваат 0,48% се содржани во Доброволниот фонд Сава пензија плус, или со овие акции вкупно Сава пензиско друштво а.д Скопје поседува 6,88% од акциите во Реплек.

    Останати акционери кои поседуваат над 5% се:

    • Славица Туџарова Трајковска 11,57%
    • Владимир Пецовски 5,79%
    • Душан Пецовски 11,92%
    • Друштво за трговија и услуги Ситко Антонио ДООЕЛ Скопје 6,10%
    • Иван Туџаров 11,20%

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично