ПОВЕЌЕ

    Сајберпанк Холдинг станува 9-ти најголем јавен сопственик на Биткоин

    Време зa читање: 2 минути

    Канадската холдинг компанија ги пордаде XMR и ETH за да ја финансира својата аквизиција.

    Сајберпанк Холдинг (CSE: HODL), канадска инвестициска компанија фокусирана на развивање на бизниси за зачувување на приватноста на корисниците, го зголеми својот удел во биткоин (BTC).

    Компанијата обелодени во четвртокот дека од 30 јуни 2020 година додала 72,979 биткоини во своите резерви.

    Сајберпанк ја финансираше аквизицијата со конверирање на нејзината сопственост на монеро (XMR) и етериум (ETH) во ликвидни средства, како и преку делумни приходи од приватно пласирање од 505,000 $ CAD или 388,000 $ САД, затворено на 27 август.

    По купувањето, Сајберпанк сега има 276,479 биткоини во своите резерви, што го прави деветтиот по големина јавен сопственик на биткоини. Според сегашните вредности, уделот на Сајберпанк во биткоини вреди нешто помалку од 4,8 милиони УСД.

    Во моментот најмалку 14 јавно тргувани компании држеа биткоини во своја сопственост. Во комбинација, нивната сопственост изнесуваат 66.896,59 биткоини, или 1,2 милијарди долари. Тоа е еквивалентно на приближно 3,2% од вкупната понуда на биткоин на пазарот.

    Сајберпанк Холдинг, која тргува на канадската берза за хартии од вредност, има неколку деловни активности насочени кон создавање бизниси за зачувување на приватноста на своите податоци и коини, кое го врши со развивање на Васаби Паричник и Самурај Паричник.

    Компанијата ја води Антанас Гуога, или Тони Г, литвански бизнисмен, политичар и поранешен професионален играч на покер. Сега тој е избран член на Сеимас, законодавната гранка на литванската влада. Претходно, тој работеше како член во Европскиот парламент за Литванија.

    Се чини дека се повеќе претпријатија ги претвораат своите парични средства во биткоини, од причина за потенцијална идна поголема вредност. МикросСтратеџи, која го претвори поголемиот дел своите пари во биткоини, е најистакнатиот пример за овој тренд. Компанијата сега поседува на 38.250 биткоини, откако скоро го удвои своето учество во текот на летото.

    Галакси Дигитал е втор по големина јавен носител на биткоин со вкупно 16.402 биткоини, по него следи Сквер со 4.709 биткоини.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично