ПОВЕЌЕ

    Буџетскиот дефицит во САД порасна за 60,7 проценти

    Време зa читање: 2 минути

    Дефицитот на американската влада во првите три месеци од тековната буџетска година, кој започна на 1 октомври, беше рекорден 572, 9 милијарди долари.

    Ова значи дека тој бил за 60,7 проценти повисок во споредба со истиот период пред една година, додека трошоците за борба против пандемијата КОВИД-19 пораснале.

    Министерството за финансии во средата објави дека за три месеци од буџетската година, дефицитот е поголем за 216,3 милијарди долари отколку во истиот период октомври-декември пред една година.

    Дефицитот се одразува на скок на трошоците за 18,3 проценти, на 1,38 трилиони долари, што е рекорден во тој период, додека приходите паднаа за 0,4 проценти, на 803,37 милијарди долари. Само во декември дефицитот беше рекорден 143,6 милијарди долари. Дефицитот за буџетската 2020 година, кој заврши на 30 септември, се искачи на највисокото ниво од 3,1 милијарди долари.

    Почнувајќи од минатата пролет, Конгресот на САД одобри мерки за трошење милијарди долари за борба против штетата нанесена на економијата од падот предизвикана од пандемијата.

    Рецесијата, во која милиони Американци останаа без работа, значеше и пад на даночните приходи во време кога се зголеми побарувачката за програми за поддршка на владата, како што се надоместоците за невработеност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично