ПОВЕЌЕ

    Русија е рекордер во производство на злато

    Време зa читање: < 1 минутa

    Русите произведуваат сè повеќе злато, така што 2019 година беше рекордна година и надмина 360 тони, а нов рекорд се очекува оваа година.

    Во интервју за РИА Новости, експертот на руската банка ВТБ Капитал, Атанас Ишумалиев посочува дека Русија ја надмина Австралија во производството на злато во 2019 година и дека се очекува оваа година да се произведе уште повеќе, пишува Капитал.

    Според проценката на Сојузот на производители на злато, производството на злато во Русија се зголеми за 12% во 2019 година во споредба со 2018 година.

    И извозот на злато во шипки од Русија се зголеми осум пати минатата година и изнесуваше повеќе од 116 тони во споредба со 13,9 тони во 2018 година.

    Според Централната банка на Русија, резервите на злато изнесуваат 554,36 милијарди долари.

    Девизните резерви се зголемија за 1,8 проценти (443,9 милијарди), а резервите на злато за 4,23 проценти (110,3 милијарди).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично