ПОВЕЌЕ

    Русија го запре гасот за Полска и Бугарија, Полска порачува: Можеме и без рускиот гас!

    Време зa читање: 4 минути

    Официјални лица во Полска и Бугарија изјавија дека Русија ја прекинува испораката на природен гас на нивните земји почнувајќи од среда. Владите на двете европски земји вчера соопштија дека рускиот енергетски гигант Газпром ги информирал дека го прекинува снабдувањето со гас. Полска потоа објави дека „ќе се снајде“ по, како што вели, руските закани за намалување на испораките на гас во земјата.

    Полска и Бугарија сооштија дека руската енергетска компанија Газпром им кажала дека ќе престане да испорачува гас на „непријателските“ земји кои одбиваат да платат во рубли. Двете земји одбија да платат во рубли како што бараше рускиот претседател Владимир Путин.

    Податоците од мрежата на оператори за пренос на гас на Европската унија покажуваат дека снабдувањето на Полска накратко беше прекинато во средата, но оттогаш е обновен. Рано утринава Бугарија соопшти дека гасот засега продолжува да тече. Гасоводот Јамал носи природен гас од Русија до Полска и Германија, преку Белорусија. Полска добива околу 9 милијарди кубни метри руски гас годишно.

    Полската државна компанија за гас PGNiG соопшти дека ѝ било кажано дека сите испораки на гас ќе бидат стопирани од 08:00 часот по средноевропско време (06:00 GMT). Бугарското Министерство за енергетика, исто така, соопшти дека е информирано дека испораките ќе бидат прекинати од среда.

    Графиконите на проток објавени на веб-страницата на Европската мрежа на преносни систем оператори за гас покажаа драстичен пад на протокот на гас на влезните точки во Кондратки, град во источна Полска и Високаје, кој е во Белорусија.

    Руската новинска агенција Тас ја цитираше изјавата на Газпром дека Полска мора да плати за своите испораки на гас според нова процедура. Се чини дека Полска е европскиот клиент на кој Русија ѝ ја стопира испораката на гас.

    Полската министерка за клима, Ана Москва, нагласи дека Полска е подготвена за таква ситуација откако со години работела на намалување на зависноста од руските енергетски извори. Таа рече дека земјата веќе некое време е ефективно независна кога станува збор за рускиот гас. „Нема да има недостиг од гас во домовите во Полска“, напиша Москва на Твитер.

    Министерката ја повтори таа порака на прес-конференција, велејќи: „Соодветните стратегии за диверзификација што ги воведовме ни овозможуваат да се чувствуваме на безбедна страна во оваа ситуација“, рече таа.

    PGNiG купи 53% од увозот на гас од Гаспром во првиот квартал од оваа година, но Варшава вели дека може да набави гас од други извори. Државната компанија за гас во Полска ја нарече суспензијата прекршување на договорот, додавајќи дека компанијата ќе преземе чекори за да го врати снабдувањето со гас.

    Бугарија со 6,5 милиони жители задоволува над 90 отсто од своите потреби за гас со руски увоз, исто така рече дека бара алтернативни извори на снабдување со гас, како и дека засега нема да бидат воведени никакви ограничувања за домашната потрошувачка на гас.  Министерството за енергетика на земјата соопшти дека Бугарија ги исполнила своите обврски од актуелниот договор со Гаспром и ги извршила сите потребни плаќања.

    Суспензиите ќе бидат први откако рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец изјави дека „непријателските“ странски купувачи ќе мора да му плаќаат на државниот Гаспром во рубли наместо во други валути.

    Европа увезува големи количества руски природен гас за загревање домови, производство на електрична енергија и индустрија за гориво. Увозот продолжи и покрај војната во Украина. Околу 60 отсто од увозот се плаќа во евра, а остатокот во долари.

    Барањето на Путин очигледно имаше за цел да помогне во зајакнувањето на руската валута во услови на војна во Украина. Европските лидери рекоа дека нема да се придржуваат, тврдејќи дека барањето да купат рубљи, а потоа да му платат на Гаспром ги прекршува условите на договорите и нивните санкции против Русија.

    „Рускиот предлог за процедура за плаќање во два чекора е во спротивност со актуелниот договор и носи значителни ризици за Бугарија, вклучително и да врши плаќања без да добива никакви испораки на гас од Русија“, соопшти бугарската влада.

    Полската државна компанија за гас, PGNiG, соопшти дека била известена од Гаспром дека испораките преку гасоводот Јамал-Европа ќе запрат во среда. Полска во вторникот објави список со санкции насочени кон 50 руски олигарси и компании, вклучувајќи го и Гаспром. Официјална Варшава не само што одби да го плати природниот гас во рубли, туку земјата беше силен поддржувач на соседна Украина за време на руската инвазија. Тоа е транзитна точка за оружјето што САД и другите западни земји ѝ го обезбедија на Украина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично