ПОВЕЌЕ

    РУРАЛНИОТ ТУРИЗАМ МОЖЕ ДА НИ ДОНЕСЕ МИЛИОН НОЌЕВАЊА – Љупчо Јаневски во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Македонскиот рурален туризам може да стане мотор за економски развој. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Љупчо Јаневски, поранешен директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, детално објаснува како стратегиското вложување во мали, луксузни и автентични селски ресорти може да ни донесе милион ноќевања и да ја промени економската слика на државата. Како да ја оствариме оваа визија?

    Ако, и велам вака, ако во еден ски центар не успеавме да вложиме 180 милиони долари, тоа е Шапка. Поради икс причини, ајде да ги вложиме тие 180 милиони долари во руралниот туризам, и во наредените три години да ни се отворат мали сместувачки капацитети, тоа значи од четири до шест апартмани кои што ќе генерираат во државата милион ноќевања, милион ноќевања кои што ќе бидат во локалниот економски развој, милион ноќевања кои што ќе почнат внуците да работат Фејсбук, и Букинг на дедото и бабата, повеќе ресорти мали, селски, камени куќи со базени и со луксузни тоалети, со интернет 5G и се останато, каде што странците и домашните туристи ќе ни бидат промотори, преку социјалните медиуми, и каде што ќе се гордееме со тоа што сме и на кое парче земја сме. Тоа ни е потребно.“

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот Јутјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.

    Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично