ПОВЕЌЕ

    РКЕ ОБЈАВИ: Горивата поскапуваат, еуросупер 98 ќе ве чини 84 денари/литар

    Време зa читање: 2 минути

    Цената на суровата нафта веќе осма недела по ред оди само во нагорна линија поради влошената состојба во Украина, приближувајќи се до  100 долари за барел, цена која последен пат е забележана во 2014 година. Инвеститорите се повеќе се загрижени за снабдувањето со нафта во случај на војна.

    Кризата доаѓа во услови кога залихите на сурова нафта се намалени поради зголемената побарувачка бидејќи економиите повторно се отвораат по пандемијата на коронавирус и луѓето се враќаат во понормален живот.

    Во меѓувреме светските случувања сериозно се одразија и на цената на горивата кај нас. РКЕ информира дека бензинот поскапува за еден денар, а дизелот за 0,5 денари.

    (1) Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт,
    изнесуваат:
    – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 82,00 (денари/литар)
    – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 84,00 (денари/литар)
    – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 74,00 (денари/литар)
    – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,00 (денари/литар)
    – Мазут М-1 НС – 46,491 (денари/килограм)

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично