ПОВЕЌЕ

    Ричард Бренсон вели дека на Virgin Atlantic ќе и биде потребна помош од владата на Велика Британија за да преживее

    Време зa читање: 2 минути

    Virgin Atlantic минатиот месец побара од владата итна финансиска помош, со оглед на тоа што таа најави коронавирус пакет, достапен за сите британски компании. Но тој договор сè уште не е постигнат.

    „Ќе сториме сé што можеме за да продолжиме со авиокомпанијата, но ќе ни треба владина поддршка за да го постигнеме тоа во услови на сериозна неизвесност околу патувањето“, рече Брансон. „Ова ќе биде во форма на комерцијален заем, нема да бидат бесплатни пари и авиокомпанијата ќе ги врати назад.“

    Virgin Atlantic е со седиште во Велика Британија и е 51% во сопственост на групата Бренсон Вирџин и 49% во сопственост на американската авиокомпанија Делта.

    Бренсон беше остро критикуван за барање поддршка во време кога вработените во Virgin Atlantic се согласија да им се намалат платите. Персоналот на Virgin Atlantic веќе осум недели се согласи за намалување на нивните плати, за што Бренсон рече дека е практично едногласна одлука на вработените.

    „Сум видел многу коментари за мојата нето-вредност, но тоа се пресметува врз вредноста на деловните активности на Virgin ширум светот пред оваа криза. Тоа не значи дека седам врз пари во банкарска сметка подготвени да бидат повлечени во било кој момент“ рече тој.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично