ПОВЕЌЕ

    Реплек: Дивиденда од 1.800 денари по акција и паушал од 30.000 денари за членовите на НО

    Време зa читање: < 1 минутa

    Акционерите на скопски Реплек АД ќе добијат дивиденда од нето 1.800 денари по акција. Одлуката донесена од Управниот одбор треба да биде потврдена на Годишното собрание на акционери, закажано за 26 април.

    Од добивката остварена минатата година, која по оданочувањето е во износ од 59.666.184 денари, односно 972 илјади евра, за исплата на дивиденда е предвиден вкупен бруто износ од 805,1 илјада евра (49.418.000 денари). Бруто износот за акција е 2.000 денари.

    Исто така, дел од средствата – 166,9 илјади евра (10.248.184 денари) се предвидени за акумулираната добивка.

    Воедно, една од точките е и одлуката за месечен паушал за членовите на Надзорниот одбор. Предлогот е за својот ангажман да добиваат нето износ од 30.000 денари.

    Одлуките ќе се реализираат окако ќе бидат изгласани на годишното акционерско собрание.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично