ПОВЕЌЕ

    Рекоа за парите… – Ерих Марија Ремарк

    Време зa читање: 2 минути

    РЕКОА ЗА ПАРИТЕ… ЕДНА МУДРА ИЗРЕКА ЗА ПАРИТЕ СЕКОЈА НЕДЕЛА

    „СÉ ШТО МОЖЕШ ДА СРЕДИШ СО ПАРИ, Е ЕФТИНО!“

    Ерих Марија Ремарк (Erich Maria Remarque) (роден како Erich Paul Remark, 22 јуни 1898 – 25 септември 1970) е германски новелист на 20-тиот век. Неговата најпозната новела „На Запад ништо ново“ (All Quiet on the Western Front) од 1928 година, за германското воено искуство во Првата Светска Војна, е меѓународен бестселер што создаде нов литературен жанр.

    „На Запад ништо ново“ се смета за еден од најдобрите воени романи на сите времиња, а Ерих Марија Ремарк со него го заклучува своето место во литературниот пантеон како мајстор на контрастот меѓу хоророт на војната и спокојот на природата.

    Ние извадивме цитат, мисла за парите од неговиот втор бестселер, позната новела „Триумфалната арка“ (Arch of Triumph) од 1945 година, во кој пишува за бегалците во Париз пред Втората светска војна. Цитатот „Сé што можеш да средиш со пари, е ефтино!“ не наведува на размислување за тоа кои се вистинските вредности во животот и колку тие вредности се всушност бесценети.

    Повеќе МУДРИ ИЗРЕКИ слични на оваа изрека за парите можете да најдете во категоријата ЕСПРЕСО

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично