ПОВЕЌЕ

    Рекоа за парите… – Бенџамин Френклин

    Време зa читање: 2 минути

    Рекоа за парите… – Бенџамин Френклин „Бидете свесни и за малите трошоци. Дури и мала пукнатина може да потоне голем брод“

    Бенџамин Френклин (англиски: Benjamin Franklin) (Бостон, 17 јануари 1706 – Филаделфија, 17 април 1790) бил американски државник, филозоф, физичар, економист и писател. Покрај Џеферсон, автор е на американската „Декларација за независност“. Со години тој се занимавал со демократизација на Уставот и укинување на ропството.

    Френклин бил огромен пронаоѓач. Неговите пронајдоци вклучуваат и социјални пронајдоци, како што е плаќањето однапред. Фасцинацијата од иновации кај Френклин може да биде и видена како алтруистичка. Tој напишал дека неговите научни трудови се наменети за зголемување на ефикасноста и човековите подобрувања.

    Бенџамин се интересирал за бродовите и посебно за Атлантскиот океан, затоа и споредбата на малите трошоци со мала пукнатина на брод во неговара позната изрека.

    Бенџамин често знаел да употребува научен хумор па своевремено додека патувал на брод, Френклин набљудувал дека е многу посмирено тргнувањето на еден брод кога бродот ги пробива мрсните течности во водата. Тој го проучува овој ефект во Калпхам, Лондон, во големо езеро. „Земав малку масло и истурив во водата … но не повеќе од една полна лажичка, произведе инстант смиреност на водата на поле од неколку јарди.“ Подоцна тој го користи овој трик т.н “смирување на водата” со тоа што си носел со себе малку масло.

    Повеќе МУДРИ ИЗРЕКИ слични на оваа изрека за парите и времето можете да најдете во категоријата ЕСПРЕСО.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично