Рекоа за парите… – Вики Робин

Датум на објава: 10.12.2019

РЕКОА ЗА ПАРИТЕ… ЕДНА МУДРА ИЗРЕКА ЗА ПАРИТЕ СЕКОЈА НЕДЕЛА

„АКО ЖИВЕЕШ ЗА ДА ИМАШ СÉ, ОНА ШТО ГО ИМАШ НИКОГАШ НЕ Е ДОВОЛНО.“ – Вики Робин

Вики Робин (Vicki Robin) (родена 6 јули 1945 година) е американска писателка, позната како автор на книгата „Вашите пари или Вашиот живот: 9 чекори за да го трансформирате Вашиот однос кон парите и да постигнете финансиска независност“, бестселер на Њу Јорк Тајмс.

Робин експериментирала дали е можно да се живее со мал дел од парите на едно обично домаќинство. Финансиски се издржувала со инвестирање во долгорочни државни обврзници користејќи ги каматите за покривање на трошоците за живот. Без потреба од редовна работа, заедно со партнерот го поминува своето време во поддршка на еколошки и добротворни цели. Со оние со кои соработувале, неизбежно станувале љубопитни за тоа како двајцата успевале финансиски да се издржуваат. Популарноста на оваа тема доведе до тоа Робин и нејзиниот партнер Доминикез да зборуваат на стотици работилници на тема „финансиска независност“. Заради преголемиот интерес, во 1986 година снимена е верзија на работилницата на касета и дистрибуирана во јавноста, по што следувала книгата „Вашите пари или Вашиот живот“ во 1992 година. После настапот во шоуто на Опра Винфри, книгата станува бестселер со продадени над 600.000 примероци. Вклучувајќи ги ревидираните изданија објавени во 1998, 2008 и 2018 година, „Вашите пари или Вашиот живот“ се продала во над еден милион примероци.

Робин учествувала во повеќе проекти на различни теми од областа на личните финансии, се појавувала во многу емисии, списанија, а учествувала и во многу јавни дебати.

Повеќе МУДРИ ИЗРЕКИ слични на оваа изрека за парите и времето можете да најдете во категоријата ЕСПРЕСО.


Тагови: изреки, пари,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: