Актуелно

Рекоа за парите… – Џеки Мејсон

Датум на објава: 05.11.2019

РЕКОА ЗА ПАРИТЕ… ЕДНА МУДРА ИЗРЕКА ЗА ПАРИТЕ СЕКОЈА НЕДЕЛА

„ПАРИТЕ НЕ СЕ НАЈВАЖНАТА РАБОТА НА СВЕТОТ. ЉУБОВТА Е. ЗА СРЕЌА, ЈАС ГИ ЉУБАМ ПАРИТЕ.“ – Џеки Мејсон

Џеки Мејсон (Jackie Mason) (роден како Јаков Моше Маза (Yacov Moshe Maza) на 9 јуни 1928 година) е американски стенд-ап комичар, филмски и телевизиски актер. Тој е рангиран на 63-то место од 100 најголеми стенд-ап комичари на сите времиња.

Неговото one-man-show наречено „Светот според мене“ во 1986 година освојува низа престижни признанија и награди, како што се: Special Tony Award; Outer Critics Circle Award; Ace Award; Emmy Award; и номинација за Греми (Grammy).

Подоцна, во 1988 година, неговиот „Џеки Мејсон на Бродвеј“ освои уште една награда Еми за извонредно пишување (Emmy Award) и уште една награда Ace Award, а неговиот глас – гласот на Рабинот Химан Крустофски во 1991 година во епизодата „Каков татко, таков кловн“ на „Симпсонови“  ја освои третата Еми награда. Тој има напишано шест емисии на one-man-show на Бродвеј.


Тагови: изреки, пари, Џеки Мејсон,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: