Актуелно

Рекоа за парите… – Жан Пол Гети

Датум на објава: 24.10.2019

РЕКОА ЗА ПАРИТЕ… ЕДНА МУДРА ИЗРЕКА ЗА ПАРИТЕ СЕКОЈА НЕДЕЛА

„АКО МОЖЕТЕ ДА ГИ ИЗБРОИТЕ ВАШИТЕ ПАРИ, ТОГАШ РЕАЛНО НЕ СТЕ БОГАТИ“ – Жан Пол Гети

Жан Пол Гети (Jean Paul Getty) (15 декември 1892 – 6 јуни 1976), роден американец познат како нафташ-индустријалец на British Petrol, и патријарх на фамилијата Гети. Тој ја основаше компанијата „Гети нафтена компанија“. Во 1957 година списанието Fortune magazine го прогласи за најбогат жив американец, додека во 1966 година Гинисовата книга на рекорди го прогласи за најбогат приватен граѓанин во светот, вреден 1,2 милијарди американски долари во тоа време (приближно 7,2 милијарди американски долари во 2018 година). По неговата смрт (1976 година), тој вредеше повеќе од 6 милијарди долари (приближно 21 милијарди долари во 2018 година). Во 1996 година, е рангиран како 67-ми најбогат американец кој некогаш живеел, податок заснован на неговото богатство како процент од бруто националниот производ во тоа време.

И покрај неговото огромно богатство, Гети беше неславен „скржавец“, пред сé поради преговорите со киднаперите на неговиот 16 годишен внук Џон Пол Гети III од страна на италијанската мафија во 1973 година, кога не сакал да го исплати побараниот откуп од 17 милиони американски долари за неговиот внук. Второто побарување од киднаперите било 3 милиони американски долари, кога се сложил не повеќе од 2,2 милиони долари да им ги исплати бидејќи таа сума не подлежела на данок.

Неговата опсесија со парите е надалеку позната, и токму поради тоа издвојуваме една од многуте негови познати ИЗРЕКИ ЗА ПАРИТЕ. Тој честопати велел: „Ако немате пари, мислите само на пари. Ако имате пари, тогаш веќе мислите само на пари.“

Гети бил страствен колекционер на уметнички дела и антиквитети. Неговата колекција ја формираше основата на музејот Ж. Пол Гети во Лос Анџелес, Калифорнија, а повеќе од 661 милиони американски долари од неговиот имот му бил оставен на Музејот по неговата смрт.


Тагови: Жан Пол Гети, изреки, пари,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: