ПОВЕЌЕ

    РЕГИОНАЛНА ПАЗАРНА СОРАБОТКА- Создавање можности

    Време зa читање: 3 минути

    За малите пазари од Југоисточна Европа, соработката и интеграцијата е од суштинско значење. Со заеднички напори, берзите ќе ја подобрат видливоста на регионот и ќе работат заедно на постигнување на целите и надминување на предизвиците кои би донеле напредок на пазарите на капитал во ЈИЕ.

    Што е направено и какви се очекувањата? Одговорот на ова прашање се очекува да го даде дискусијата на тркалезната маса “ Регионална пазарна соработка – неискористени можности” во организација на SEE Link, компанија основана од берзите од Загреб, Македонија и Бугарија. Настанот се одржува преку платфромата ZOOM на 25.11.2022 година ( петок).

    Учесници на дебата се:

    Ивана Гажиќ – Претседател на Управниот одбор на Загребска Берза АД

    Мању Моравенов, Извршен директор на Бугарска Берза АД

    Иван Штериев, Главен Извршен директор, Македонска Берза АД Скопје

    Модератор, Александра Томиќ, Bloomberg Adria

    Линк за регистрација: https://lnkd.in/d4B6kqmn

    Линк за следење на настанот: https://us06web.zoom.us/j/86166581294

    СЕЕ Линк е проект започнат од страна на берзите во Бугарија, Македонија и Загреб со цел да се создаде регионална инфраструктура за тргување со хартии од вредност кои котираат на тие три пазари.

    Идејата зад оваа прекугранична иницијатива е да се интегрираат регионалните пазари на акции без спојување или корпоративна интеграција, користејќи само технологија која ќе им овозможи на берзите-учеснички да останат независни, но да се надополнуваат и да им се овозможи на инвеститорите полесен и поефикасен пристап кон тие пазари преку локален брокер.

    Оттука, берзите во Бугарија, Македонија и Загреб во мај 2014 година ја основаа компанијата СЕЕ ЛИНК, со седиште во Македонија.

    Проектот СЕЕ Линк е поддржан од страна на Европската банка за обнова и развој преку грант од 540.000 евра за воспоставување електронски систем за пренасочување на налозите за тргување. Паралелно, берзите-учеснички обезбедија 80.000 евра за зајакнување на капиталот на SEE LINK.

    На 29 март 2016 година, СЕЕ Линк, како иновативната платформа стана целосно оперативна.

    Исто така, СЕЕ Линк започна да ги пресметува своите први два индекси, SEE LinX и SEE LinX EWI, со цел да ја подобри видливоста на регионалните пазари.

    Белградската и Љубљанската берза се приклучија на платформата во декември 2016 година, зголемувајќи го бројот на пазари на пет. Во август 2017 година, Бања Лука и Сараевската берза се приклучија на SEE Link, зголемувајќи го вкупниот број пазари на седум. Поврзувањето на секој пазар го прошири и составот на индексите на SEE Link кои во август 2017 година беа составени од 18 најликвидни компании кои котираат на пазарите на седумте берзи учеснички.

    Во мај 2020 година, започна регионалниот проект на ЕБОР за изготвување на инвестициски анализи на котирани компании, кои се јавно достапни и се објавуваат преку специјално креиран веб портал од страна на СЕЕ Линк ДОО Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично