ПОВЕЌЕ

    Речиси половина од домашниот буџет македонците го трошат за храна и пијалоци

    Време зa читање: 2 минути

    За „храна и безалкохолни пијалоци” домаќинствата во Македонија потрошиле 43,1 процент, за „станарина, вода, електрична енергија, гас и други горива”10,8 проценти и за „сообраќај”6 проценти, од вкупно употребените средства во 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

    Во ЕУ најмногу за „храна и безалкохолни пијалоци” одвојувале домаќинствата во Романија – над една четврина или 26 проценти од вкупните трошоци, по што следат домаќинствата во Литванија – 20,2 отсто и Естонија – 19,3 проценти.

    Околу 13 проценти од вкупните трошоци на домаќинствата во ЕУ во 2019 година биле за „храна и безалкохолни пијалоци“, што е трета најголема ставка по „домување и режиски трошоци“ – 23,5 проценти и „танспорт “ – 13,1 проценти, покажуваат податоците на Евростат.

    Во земјите од регионот најмногу за „храна и безалкохолни пијалоци“ потрошиле жителите на Босна и Херцеговина – 28,8 проценти од вкупните трошоци на домаќинствата. Потоа следат Црна Гора – 24,5 отсто, Србија – 23,6 проценти, Бугарија – 18,4 отсто, Хрватска – 18,3 проценти и Грција – 15,5 отсто.

    За споредба, домаќинствата во Ирска (8,6 отсто), Луксембург (8,9 проценти) и Австрија (9,7 отсто) – одвоиле под десет проценти од вкупните трошоци за храна и безалкохолни пијалоци.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично