ПОВЕЌЕ

    Расте невработеноста во Австрија, намалени проекциите за економски раст

    Време зa читање: 2 минути

    Австриската министерка за труд Кристине Ашбахер, очекува бројот на невработени да достигне половина милион до крајот на годината.

    Во октомври, околу 424.000 луѓе беа без работа, а кризата со вирусот, вклучително и уште едно ново „заклучување“ ќе доведе до понатамошен раст на бројот на невработени, рече таа.

    Според министерката, бројот на невработени поради кризата во ноември и декември, во споредба со крајот на октомври, ќе се зголеми за 20.000 до 90.000.

    Австриските економски институти Wifo и IHS ја ревидираа својата прогноза за тековната и следната година. Така, за тековната година тие очекуваат економски раст од минус 7,7 проценти, наместо од минус 6,8 проценти.

    За следната година, економскиот раст ќе биде само 2,8 проценти, наместо претходно предвидените 4,4 проценти. Според тие прогнози, стапката на невработеност годинава ќе биде 9,9 проценти, а следната 9,7 проценти.

    Ашбахер посочи дека тие предвидувања не се изненадување, бидејќи следната година ќе биде потешка и со повеќе предизвици.

    Таа посочи дека клучот за подобрување на економската состојба и состојбата на пазарот на трудот е подобрување на здравствената состојба и намалување на бројот на заразени лица.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично