ПОВЕЌЕ

    Раст на прометот во индустријата во мај

    Време зa читање: 2 минути

    Индексот на прометот во индустријата во мај, а во однос на истиот месец лани, изнесува 108.0, соопштија од Државниот завод за статистика.

    Податоците, според главните индустриски групи, покажуваат дека вкупниот промет во индустријата бележи пораст кај капиталните производи за 22 насто и кај нетрајните производи за широка потрошувачка за 17,1 процент. Пад е евидентиран кај интермедијарните производи, освен енергија за 13 и кај трајните производи за широка потрошувачка за два отсто.

    Индексот на прометот во индустријата во мај, а во однос на април изнесува 120.6, а во периодот јануари − мај годинава споредено со истиот лански период е 106.0.

    На домашниот пазар, пак, мајскиот индекс на прометот во индустријата изнесува 102.8.

    Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар бележи годишен раст кај капиталните производи за 8,3 проценти, кај трајните производи за широка потрошувачка – 8,9 и кај нетрајните производи за широка потрошувачка за осум насто.

    Намалување има кај интермедијарните производи, освен енергија за 4,1 отсто.
    На домашниот пазар, индексот на прометот во индустријата во мај, споредено со април изнесува 111.8. А во периодот јануари − мај, во однос на истите лански пет месеци е 101.4.

    На странските пазари индексот на прометот во индустријата на годишно ниво изнесува 109.9.

    Гледано од аспект на главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во мај споредено со мај лани, бележи пораст кај капиталните производи за 22,8 и кај нетрајните производи за широка потрошувачка за 23,1 насто. Опаѓање има кај интермедијарните производи, освен енергија за 16,4 и кај трајните производи за широка потрошувачка за два отсто.

    Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во мај, а во однос на претходниот месец изнесува 123.7. Додека, пак за петте месеци од јануари до мај, во однос на истиот лански споредбен период е 107.4.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично