ПОВЕЌЕ

    (Рас)продажба на акциите од „Македонијатурист“: Реализирани седум блок-трансакции вредни 1,5 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    За седум блок-трансакции реализирани со акциите на „Македонијатурист“ извести Македонска берза. Вложени се 93.696.208 денари, односно 1,5 милиони евра во 10.037 акции кои обезбедуваат сопственост од 2,23 проценти – се вкупните бројки од извршените купопродажни активности. Цените за акција се движат од 8.562 до 9.500 денари.

    Во првиот блок се купени 584 акции кои носат 0,13 отсто од основната главнина. Вредноста на блокот е 5.000.208 денари (81 илјада евра), пресметана по најниската единечна цена од 8.562 денари.

    По девет илјади денари чинела секоја хартија од вредност опфатена со втората и со седмата трансакција. Количината од 1.528 акции, што претставува 0,34%, чини 13.752.000 денари (223,6 илјади евра). А, пак, седмата содржи 687 акции (0,15%) за кои се изброени 6.183.000 денари или 100,5 илјади евра.

    Во следните четири блокови единечната цена за акција е 9.500 денари.

    За 0,63% од почетниот капитал на „Македонијатурист“ се платени 26.875.500 денари (437 илјади евра). Се работи за 2.829 обични акции.

    Количината од 1.204 акции, кои значат 0,27% сопственост, има вредност од 11.438.000 денари (186 илјади евра).

    Понатаму, 1.730 акции се купени за 16.435.000 денари (267,2 илјади евра). Претставуваат 0,38% од основната главнина.

    Вредноста на трансакцијата која обезбедува 0,33% од почетниот капитал е 14.012.500 денари (227,8 илјади евра), а содржи 1.475 обични акции.

    Овие трансакции следуваат по јавната берзанска аукција во која се продаде голем пакет од 44.449 акции за 7,3 милиони евра, кој на инвеститорите им обезбеди 9,83 проценти во сопственичката структура на хотелско-угостителската компанија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично