Горан Марковски повеќе не е дел од Одборот на директори на „Раде Кончар – Апаратна техника“. Поднел оставка од позицијата неизвршен член.
„АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје, известува дека Горан Марковски, неизвршен член на Одборот на директори на АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје, на ден 03.03.2025 година, поднесе оставка од функцијата“, известија од компанијата преку објава на Македонска берза.
Во составот на Одборот на директори се извршната директорка Татјана Лазаревски, Ѓорѓи Доновски, претседател, и неизвршните членови Корина Киријас Џалева и Мартин Кочмановски.