ПОВЕЌЕ

    Работниците сакаат флексибилност: Дали по Ковид-19 ќе ја добијат?

    Време зa читање: 2 минути

    Согласно анализата на Светскиот економски форум, повеќето луѓе во новата реалност сакаат да направат „микс“ во работата од дома и од канцеларија.

    75% од анкетираните работници сакаат да ја задржат флексибилноста на работното време, а поголемиот дел од газдите се согласуваат.

    Согласно истражувањето на глобалната компанија за човечки ресурси и за регрутирање „Адеко“, се смета дека ваквите промени се доста добри како за работниците – така и со нивните шефови.

    Истражувањето на „Адеко“ открило дека работниците се подготвени да се вратат во канцеларија на своите работни места, но не сакаат да ја напуштат својата флексибилност. Три четвртини од анкетираните фаворизираат хибриден модел што би ја поделил работата во канцеларијата и дома.

    За менаџерите, исто така, се прифатливи овие опции. Повеќето лидери сметаат дека нивниот бизнис ќе има корист од ваквиот начин на работа кое подразбира рутинско и флексибилно работење. Сепак, голем број, исто така, ја истакнуваат важноста на состаноците лице во лице.

    Пандемијата го означи почетокот на новиот начин на работа за многумина, вклучувајќи платформи за видео конференции и апликации за управување со работењето. Ваквите промени се вели дека ги зголемија апетите за учење.

    Околу 60% од работниците сметаат дека нивните дигитални вештини се подобриле како директен резултат на работењето од дома. Тие исто така, сакаат да продолжат да се усовршуваат.

    Како што се отвораат деловните активности, менаџерите ќе треба да се вклучат во вакви променливи потреби. Покрај тоа, лидерите ќе треба да бидат сигурни, дека нивните тимови се квалификувани во дигитални алатки и вештини потребни за Четвртата индустриска револуција која продолжува да го трансформира работното место. Бизнисите што можат да го прилагодат својот тим, може да очекуваат успех.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично