ПОВЕЌЕ

    Кои работни места се најчесто одбивани од страна на невработените лица?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Постојат работни места кои невработените најчесто ги отфрлаат поради пониски плати, работни услови, неплатена прекувремена работа, нередовни плаќања и слично.

    Статистиките покажуваат дека невработените лица обично не се заинтересирани за работни места од областа на текстил и кожа, механичка и метална обработка, како и на работни места од областа на геологијата, земјоделството, производството на храна, и шумарството.

    Причините зошто тие ги одбиваат понудените работни места најмногу се кријат во описот на самите работни места, но и во понудените работни услови дефинирани од работодавците.

    Сепак, понудите се отфрлаат и заради пониските плати од регионалниот просек за тие работни места, условите за работа кои се под стандардната, неплатените придонеси или прекувремената работа, нередовните плаќања и оддалеченоста од работното место.

    Има значително повеќе занимања кои се во побарувачка, така што истражувањата посочуваат дека меѓу најпопуларните, според пријавени потреби на работодавците во претходниот месец се медицински сестри, дипломирани економисти, хигиеничарки, лица кои чуваат деца, дипломирани градежни и механички инженери сметководители и слично.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично