ПОВЕЌЕ

    TOW: Работа под притисок

    Време зa читање: 3 минути

    Кога ќе ви постават прашање на интервју, како се снаоѓате со работа под притисок, тогаш треба да поставите и вие прашање: а вие сте фирма која е цело време под некаков притисок или…??
    Но, не ми е тоа поентата, барем не сега, да ги анализираме фирмите или менаџментот кој доведува да се работи под притисок, туку како да се снајдеме и да дадеме максимум од себе кога ќе се најдеме во таква ситуација:

    • Притисок – Прво, да се види од каде доаѓа притисокот и дали е тој реален. Најтешкиот дел од работата, под притисок, е справување со перцепцијата на притисок, бидејќи најчесто се грижиме за некоја замислена катастрофа што никогаш не се случува, и која има тенденција да нè направи немоќни.
    • Предвидувања – Секој со долгогодишно искуство, може да го предвиди притисокот. Еве, на пример, јас дома правам притисок пред да одиме некаде на пат. Сфатив дека ми е тоа мана и сега сум подготвен за пат ден пред тоа. Сега веќе нема (толкав) притисок.
    • Фокус – Оставете го минатото позади вас, фокусирајте се на сегашноста (притисокот)! Најдобро е да се повлечете, малку да забавите и да престанете да размислувате за роковите или работата што треба да се заврши. Направете брз список на три најважни работи што треба да ги направите за да пополека го намалите притисокот и ја доведете ситуацијата под контрола. Храброст е да се имплементираат тие работи, а не само да си седите во офис и ништо да не правите!
    • Одложувања – Престанете со одложување. Притисокот речиси секогаш доаѓа затоа што не сте успеале да дадете приоритет на некои работи и да дејствувате на нив. Веројатно одолговлекувавте и сега ја плаќате цената. Одложувањето е навика и може да се прекине. Таа може да е поради самите вас, поради менаџментот (премногу се благи) или до самиот амбиент (ама, ако колегата не прави ништо и зема плата, па и јас можам така)! Воопшто да не ви е грижа за другите, дадете максимум од себе и не ги одложувајте работите!!!
    • Можност за напредок – Притисокот е ситуација која ве бутка во ќоше, ве прави слаби. Тоа е сосема природна, првична, реакција. Ако го знаете ова, тогаш направете го спротивното и спротивставете се! Таа (негативна) енергија која сам по себе ја носи притисокот, искористете ја позитивно, како можност за ваш раст во работата што ја извршувате.
    • Чекор по чекор – Сме пишувале за мултитаскингот и сме кажале дека е невозможна мисија. Речиси сите велат дека можат да работат повеќе работи од еднаш и така е, но прашањето е колку квалитетно се извршуваат тие работи. Затоа, една по една извршувајте ги работите, особено во вакви услови, кога работите се завршуваат под притисок

    „Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат на www.pari.com.mk во соработка со www.tipoftheweek.co обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој:

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично