ПОВЕЌЕ

    Сакате да работите од дома? 4 работи на кои треба да се фокусирате кога преговарате со вашиот шеф

    Време зa читање: 2 минути

    Според едно истражување во 2019, 63% од американските компани имале работници кои работеле од дома, Секако, таа бројка во 2020 значително се зголеми. Но да претпоставиме дека работите се вратени во нормала, и вие сакате да преговарате со вашиот шеф, за да продолжите да работите од дома. Се разбира, во зависност од вашата компанија, професија или вашиот карактер, далечинската работа не е секогаш идеална. 

    Анализирајки ги статистиките на работниците кои ги извршуваат своите работи од дома, студиите покажуваат дека помладите луѓе можат да бидат склони кон поголема осаменост отколку постарите. Тоа, самото по себе може да донесе одредени проблеми. 

    Доколку планирате да имате разговор со вашиот шеф околу вашата работа и можноста истата да се работи од дома, битно е да бидете спремни. Еве неколку работи на кои треба да се фокусирате. 

    1. Комуникација. Ова е број 1 предизвик за далечинската работа. Известете го шефот како планирате да присуствувате на состаноците и да останете во контакт додека сте надвор од канцеларија.

    2. Дефинирано работно време. Бидејќи не одите во канцеларија, луѓето треба да знаат точно кога ќе бидете достапни за комуникација.

    3. Јасно дефинирани цели, исходи. Мора да го убедите вашиот претпоставен дека нема да има разлика во нивото на услугата што ја давате кога работите од далечина.

    4. Приватност и безбедност на осетливи информации. Како планирате да ги заштитите сите битни записи, материјали, технологии и чувствителни информации? Мора да го убедите шефот дека треба да има доверба во вас и дека веќе имате подговотвено план за тоа.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично