ПОВЕЌЕ

    Прометот во индустријата со годишен раст од 1,6 проценти

    Време зa читање: 2 минути

    Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во декември лани, а во однос на декември 2022 година, изнесува 101.6, ги објави податоците Државниот завод за статистика.

    Според главните индустриски групи во овој период пораст е забележан кај капитални производи за 0,6 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,1 процент. Опаѓање е евидентирано кај интермедијарни производи, освен енергија за 2,9 и трајни производи за широка потрошувачка – за 6,9 отсто.

    Споредено со ноември 2023, индексот на прометот во индустријата во декември е 85.8, додека во текот на целата таа година, а во однос на 2022 година, изнесува 102.2.

    Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември лани во споредба со истиот месец од 2022 изнесува 99.9.

    Според главните индустриски групи, пораст има кај капитални производи за 1,9 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,9 насто. Намалување бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 10,2 и трајни производи за широка потрошувачка за 7,4 отсто.

    Статистиката вели дека индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември споредено со ноември изнесува 106.2. А, во периодот јануари – декември 2023, во однос на истиот период од 2022 е 101.9.

    Годишниот индекс на прометот во индустријата на странските пазари изнесува 102.3.Гледано според главните индустриски групи, раст има кај капитални производи за 0,4, трајни производи за широка потрошувачка за 5,2 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,6 проценти. Пад е регистриран кај интермедијарни производи, освен енергија за 0,8 отсто.

    Во однос на ноември, индексот изнесува 79.7, а на годишно ниво е 102.2, покажуваат податоците од ДЗС.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично