ПОВЕЌЕ

    СО 1,4 МИЛИОНИ ЕВРА ПРОМЕТ АКЦИЈАТА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ШЕСТИ МЕСЕЦ ПО РЕД Е НАЈТРГУВАНА НА БЕРЗА: Какви бројки испиша јунскиот месечен статистички билтен?

    Време зa читање: 2 минути

    Шести месец по ред, најтргувани акции на официјалниот пазар се акциите на Комерцијална Банка АД Скопје со истргувани 7.675 акции  со просечна цена од 11.771,42 денари и остварен е промет од 90.345.654 денари или 1.464.391 евра. Акциите на македонскиот фармцевтски гигант Алкалоид АД Скопје се позиционираа на второто место каде количински се истргувани 3.953 акции по просечна цена од 17.151,36 денари и се свртеле 1.098.942 евра или 67.799.330 денари. Во месец јуни, на третото место се искачи Макпетрол Скопје кој ги запиша следниве бројки: истргувани 343 акции по просечна цена од 73.546,21 денари каде реализиран е промет од 25.226.351 денари или 408.888 евра.

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.06 – 30.06.2022 година вкупниот промет изнесувал 426.407.266  денари и е намален за 26,17%  отсто во однос на претходниот месец. 

    Класичното тргување изнесувало 339.514.850 денари и е намалено во однос на мај за 31,82 отсто кога изнесувало 497.949.423 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 244.570.048 денари и обврзници во вредност од 94.944.802 денари.

    Блок трансакциите во јуни изнесувале 82.226.872 денари и се зголемени за 3,34 отсто во однос на мај.

    Бројот на трансакции во јуни изнесувал 1.297 и е намален за 23,12 отсто во однос на мај кога изнесувал 1.687. Најмногу трансакции се направиле со акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол.

    Покрај НЛБ Банка, во топ 5 најтргувани акции во месец јуни се впиша и Пекабеско.

    Количински најтргувана акција беше акцијата на Макстил Скопје со 16.228 тргувани акции.

    Кај брокерските куќи, Комерцијална банка АД Скопје во месец јуни оствари вкупен промет од 220.611.313 ден, додека ИЛИРИКА ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје оствари промет од 179.038.519 ден, а веднаш зад неа е Еурохаус АД Скопје вкупен промет од 166.136.693 ден.

    Месечниот статистички билтен за јуни 2022 година можете да го погледнете тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично