ПОВЕЌЕ

    ПроКредит Холдинг АД: Успешно спроведена трансформација во акционерско друштво

    Време зa читање: 3 минути

    Матичната компанија на развојно ориентираната Групација ПроКредит успешно ја заврши трансформацијата на својата правна форма во акционерско друштво (AG). Трансформацијата беше завршена со внесување на ПроКредит Холдинг АД во трговскиот регистар на 27.9.2023 година. Претходно, на Годишното генерално собрание одржано на 5.6.2023 година беше донесена одлука за одобрување на промената на правна форма со многу големо мнозинство. Трансформацијата во акционерско друштво има за цел дополнително да го подобри прифаќањето на инвеститорите, особено меѓу учесниците на меѓународниот пазар, а, во исто време, да ја поедностави корпоративната структура. Деловниот фокус на ПроКредит Холдинг, особено со акцент на Југоисточна и Источна Европа и неговата посветеност да се постигне влијание, остануваат непроменети.

    Пред трансформацијата во акционерско друштво беше спроведена сеопфатна анализа. Овој процес секогаш беше воден од премисата дека Групацијата ПроКредит ќе ја задржи својата единствена мисија за развој и ориентација кон профит, како и нејзиниот регионален фокус на Југоисточна и Источна Европа. Групацијата ПроКредит очекува трансформацијата во меѓународно попозната корпоративна структура, исто така, да ѝ помогне на компанијата да стане привлечна за поширок круг потенцијални инвеститори. Освен тоа, трансформацијата во акционерско друштво овозможува поедноставување и рационализирање на организациската структура. За разлика од КгаА (командитно друштво со акции), Надзорниот одбор на акционерското друштво има функција да го именува и разрешува Управниот одбор. Преку изборот на Надзорниот одбор, акционерите на акционерското друштво добиваат влијание врз управувањето.

    Трансформацијата во акционерско друштво не повлекува никаква промена во постојниот круг на акционери. Во моментот на трансформација, командиторите го задржуваат истиот износ и број на акции во ПроКредит Холдинг АД како и претходно во ПроКредит Холдинг АД и Ко. КГаА. Командиторите не треба да преземаат никакви дејства поради промената на правната форма, бидејќи тие автоматски стануваат акционери на акционерското друштво кое продолжува да котира на регулираниот пазар (Прајм Стандард).

    Хуберт Спехтенхаузер, претседател на Управниот одбор на ПроКредит Холдинг АД, изјави: „Со својата ориентација кон креирање позитивно влијание во општеството, Групацијата ПроКредит се стреми кон единствен деловен модел. Обезбедувањето банкарски услуги со позитивно влијание врз економскиот, социјалниот и еколошкиот развој во нашите земји на работа е поважно од кога било. Уверени сме дека трансформацијата на правната форма од КГаА во АД е вистинскиот начин да се продолжи успешната приказна на ПроКредит. Особено сме задоволни што успеавме да ја спроведеме трансформацијата толку брзо по донесувањето на одлуката за истото на Годишното генерално собрание на 5 јуни 2023 година, и сакаме да им се заблагодариме на сите што не поддржаа во овој процес“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично