ПОВЕЌЕ

    ПроКредит дел од Net-Zero Banking Alliance: Поддршка на „зелените“ инвестиции

    Време зa читање: 2 минути

    ПроКредит Групацијата се приклучи кон Net-Zero Banking Alliance и се обврза да постави краткорочни и долгорочни цели за намалување на емисиите, со помош на научно базираните цели (SBTi) – стандардот за нулта нето емисија.

    Сојузот формиран под покровителство на Обединетите нации и управуван од индустрискиот развој, е посветен на усогласување на своето кредитно и инвестициско портфолио со стандардот за нулта нето емисии најдоцна до 2050 година, се вели во известувасњето од ПроКредит. Сето тоа, согласно целите на Парискиот договор за климатски промени. Алијансата има повеќе од 124 членки од 41 земја. Располага со вкупна актива од 73 трилиони долари, што е 41 отсто од вкупните глобални банкарски средства. И значи мобилизација на финансискиот сектор во борбата против климатските промени.

    Притоа, сите членки на Алијансата имаат конкретни обврски: поставување на првични цели во рок од 18 месеци по потпишувањето на договорот, поставување преодни цели (најдоцна до 2030), одредување приоритетни сектори со најголем интензитет на емисии на стакленички гасови, годишно објавување податоци за интензитетот и количината на емисиите на стакленички гасови, примена на расположливите научни сознанија…

    „Се радуваме на побрзо спроведување на климатските акции и поддршка за нашите клиенти во Југоисточна и Источна Европа, како и во Јужна Америка и Германија, во спроведувањето на нивните планови за транзиција. Како одговор на Парискиот договор, ПроКредит Групацијата ги преполови своите емисии на штетни гасови од 2018 година. Сега, додека се залагаме за постигнување статус на нето-нула, ја препознаваме вредноста на соработката со индустријата и поставувањето дополнителни цели засновани на науката“, вели Хуберт Спектенхаузер, претседател на Одборот на директори на ПроКредит Холдинг.

    Во таа насока се промовираат заеми и инвестиции кои имаат позитивно влијание врз животната средина. Целна група на ПроКредит банките се малите и средните претпријатија, односно сите оние кои ги исполнуваат критериумите за ESG и имаат најголем потенцијал за создавање еколошки одржливо богатство и одржливи работни места во локалните економии. Како што велат, голема е поддршката за инвестициите во иновативни и зелени технологии, па така, „зелените“ кредити веќе сочинуваат 20 отсто од вкупното портфолио на Групацијата.

    Редакција Пари

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично