Со емисија вредна осум милиони евра, ПроКредит банка ќе ја зајакне основната главнина. Осмата емисија на 1,6 милиони акции е наменета за познат купувач – ПроКредит Холдинг АГ Франкфурт. Дозвола за тоа има од Комисијата за хартии од вредност, дадена на последната 54-та седница..
„Комисијата за хартии од вредност на ПроКредит Банка АД Скопје и даде одобрение да ја издаде осмата емисија од 1.600.000 нови обични акции со вкупен износ од 8.000.000 евра. Емисијата се врши за зголемување на основната главнина на ПроКредит Банка АД Скопје со нови парични влогови по пат на приватна понуда за познат купувач – институционалниот инвеститор ПроКредит Холдинг АГ Франкфурт“, се вели во соопштението на КХВ.
ПроКредит банка ги издава новите акции за да ги унапреди структурата и квалитетот на сопствените средства во корист на редовниот основен капитал.