Лажно банкарско известување во вид на рекламна објава се шири на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“.
„Незаконски и неовластено се користи името на ПроКредит банка, како и имиња на други банки, во намера да се измамат корисници на социјалните мрежи“, предупредуваат од ПроКредит.
Преку лажната објава се промовираат наводни брзи заеми и кредити без кредитна проверка, доказ за приход и само со лична карта.
„Доколку забележите вакви лажни промотивни објави на социјалните медиуми, за Ваша сигурност, не ги отворајте, не кликајте и никако не споделувајте Ваши лични или финансиски податоци“, алармираат од ПроКредит банка.