ПОВЕЌЕ

    Производството од Азија се сели во Европа

    Време зa читање: 2 минути

     

    Западниот Балкан би можел да има придобивка од трендот на враќање на производството од Азија во Европа, според Виенскиот економски институт. Овој тренд може да биде од полза и на земјите од нашиот регион и да донесе директни инвестиции од неколку милијарди евра.

    Сепак, за да се постигне тоа, тие мора да инвестираат во образовниот систем и изградба во транспортна инфраструктура.

    Експертите сметаат дека враќањето на производството ќе се интензивира во Европа по пандемијата. Студијата е подготвена во соработка од стопанските комори од регионот, и е финансирана од Министерството за економска соработка и развој на Германија.

    Економиите на Западен Балкан би можеле значително да имаат корист од враќањето на производството, се покажа од истражувањето на Германската стопанска комора.Тие податоци покажуваат дека има уште многу простор и за другите западноевропски инвеститори, како што се Холандија, Швајцарија и Австрија.

    Студијата според Виенскиот економски институт препорачува дека земјите од Западен Балкан, покрај отстранувањето на старите проблеми, како што се политичката нестабилност треба да го променат и инвестициското опкружување.

    Ниските трошоци за плати и ниските даноци повеќе не би играле решавачка улога. Како прво, странските инвеститори би барале подобро квалификувана работна сила и солидна инфраструктура. За тоа, би се барало поголеми расходи во образовниот систем, би дошло до зголемен фокус на двојното образование и изградба на транспортна инфраструктура.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично