ПОВЕЌЕ

    Различната употреба на зборот „профит”

    Време зa читање: 3 минути

    Многу финансиски термини имаат различни значења во секојдневната употреба. Некои термини кои се користат како генерални термини всушност имаат многу специфични дефиниции во финансики или сметковотствен контекст. Таков пример се термините профит и нето добивка. Иако двата термини се однесуваат на позитинен прилив на пари, нивните дефиниции и контекстуална употреба значајно се разликуваат.

    Главни заклучоци:

    • Профит означува приходи кои остануваат по трошоците; има неколку нивоа на профит во зависност од тоа кои видови на трошоци се одземени од приходите.
    • Нето добивката, исто така позната како нето профит, претставува конкретен вид на профит.
    • Нето добивката е последната ставка во билансот на успех

    Што е нето добивка?

    Нето добивка исто може да се сретне под поимите нето профит или нето заработувачка. Всушност се работи за ставка која најдобро ја прикажува профитабилноста на бизнисот и се користи кај јавно тргуваните компании за пресметка на добивката по акција која кај ваквите видови на друштва ја претставува последанта ставка во билансот на успех.

    Нето добивката на компанијата е резултат на бројни калкулации, започнува со приходите и ги опфаќа сите приходи и трошоците за одреден временски период. Сите пари кои влегуваат и излегуваат од компанијата се пресметуваат преку оваа ставка. Тука се вклучуваат производствените трошоци, оперативните трошоци, плаќања по кредити, камати на кредити или инвестиции, дополнителни примања од поврзани лица или од продажба на средства, амортизација и депрцијација на средства, даноци и останати финансиски расходи.

    Нето добивката, како и другите сметководствени мерила, е склона на манипулации преку техники за признавање на приходи или преку прикривање на трошоци. Кога се носи инвестициска одлука или проценка која се заснова на нето добивката, инвеститорите и аналиричарите ја проверуваат релевантноста на бројките кои се користени за да се стигне до тој износ.

    Едноставно кажано нето добивката е вид на профит.

    Што е профит?

    Додека нето добивката е синоним за конкретна ставка, профитот се прикажува преку неколку ставки. Профитот едноставно значи добивка која останува после трошоците и истиот се пресметува на различни нивоа.

    На пример, бруто профит е приход минус конкретни трошоци: трошоци на продадени добра. Оперативен профит се однесува на приходите намалени за трошоците на продадени добра и оперативните трошоци – сите трошоци, фиксни и варијабилни, кои се неопходни за работењето на компанијата.

    Со пресметката на профитот на различни нивоа компаниите можат да видат кои трошоци го опфаќаат најголемиот дел од нето профитот.

    Често бизнисите се проценуваат врз основа на профитабилноста на различно ниво. Некои аналитичари се заинтересирани за профитабилноста во погорните слоеви, додека други ги интересира профитабилноста пред трошоци за даноци и камати, а некои аналитичари ги интересира исклучиво профитабилноста по покривање на сите трошоци.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично