ПОВЕЌЕ

    Основи на сметководство

    Време зa читање: 2 минути

    На секој бизнис му се потребни доверливи, финансиски информации, за да може да носи информирани одлуки. Тие доверливи информации се комуницираат преку сметководство. Сметководството се нарекува јазикот на бизнисот.

    Тоа е процесот на евидентирање и книжење на сите трансакции во бизнисот, со цел да се увиди потеклото на парите кои доаѓаат во бизнисот и каде истите се трошат, односно за што се наменети. Со други, сметководството ви дава јасна слика за движењето на парите, од самиот почеток, кога бизнисот е мал, па се до неговот развивање во голема компанија.

    Многу неискусни претприемачи и сопственици на мали бизниси, не му посветуваат доволно внимание на сметководството и не го сфаќаат доволно сериозно. Но по самата природа, сметководството има исклучително цврста корелација со евентуалниот успех или неуспех на бизнисот. Ворен Бафет, најуспешниот инвеститор на сите времиња има кажано дека најбитниот предмет што секој бизнисмен треба да го научи е сметководоство.

    Постојат месеци кога приливите се помали и бизнисот има дефицит, како и месеци кога се продаваат доволно производи и услуги и бизнисот генерира дополнителни примања. Сето тоа, најдобро може да се увиди со помош на универзалниот јазик на сметководство, кој ќе ни помогне подобро да планираме за иднината.

    Првиот чекор за секој претприемач и одвојување на личните финансии од бизнис финансиите. Ниту една активност не треба да се поклопува. Треба да се знае јасно, која трансакција се однесува за компанијата, а која е од личен интерес.

    Евидентирањето на трансакциите го следи принципот на двојно книговодство. Тоа значи дека секоја трансакција се евидентира на најмалку две сметки. Системот на двојно книжење подразбира и две страни на книжење кои се нарекуваат должи и побарува, дебит и кредит или едноставно плус (+) и минус (-). Промените во една сметка се изразуваат во друга.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично