ПОВЕЌЕ

    Проектни активности денес и утре во рамките на Коморскиот инвестициски форум

    Време зa читање: 3 минути

    Коморскиот инвестициски форум, денес и утре (10-11 септември) продолжува со активностите за зајакнување на процесите и интензивирање на имплементацијата на точките зацртани во агендата за работа на КИФ. Денес треба да се одржи и првиот состанок на Оперативниот тим на КИФ и тоа во Скопје.

    Во информација на Стопанската комора на Македонија, се вели дека на состанокот е предвидено да се разгледаат натамошните активности на шесте комори од Западен Балкан во насока на имплементација на проектните активности започнати со Германското друштво за интернационална соработка – ГИЗ.

    Коморскиот инвестициски фонд во соработка со Отворениот регионален фонд за надворешна трговија на Германското друштво за интернационалана соработка – ГИЗ, има за цел да ги подобри рамковните услови за трговија во Југоисточна Европа, во согласност со барањата на процесот за приближување кон ЕУ. Фондот ги поддржува регионалните иницијативи, чија цел е подобрување на условите за слободна трговија, коишто се целосно усогласени со агендата на КИФ.

    Потпроектот „Зголемување на извозниот потенцијал на малите и средни претпријатија во регионот на 6-те земји од Западен Балкан“ , е заеднички проект помеѓу шесте комори од Западен Балкан и има за цел да го подобри извозниот потенцијал на малите и средните претпријатија од регионот особено во делот на конзервната и преработувачката индустрија.

    За таа цел, во изминатиот период, од почетокот на оваа година, беше спроведена проценка за подготвеност за извоз на компаниите од агросекторот и преработувачкиот сектор, којашто имаше за цел: 1) да го анализира извозниот потенцијал на претпријатијата во дадениот сектор, 2) да се идентификуваат заедничките бариери во извозот и 3) да се развијат специфични услуги за поддршка на извозот во овој сектор и синџирот на снабдување на ЗБ6 регионот, врз основа на побарувачката на компаниите.

    По завршувањето на права фаза од Проектот, во моментот консултантите на ГИЗ во соработка со шесте комори од регионот работат на подготовка на детална база на податоци на произведувачи и дистрибутери на производи од конзервната и преработувачката индустрија, којашто понатаму ќе им служи на коморите како основна алатка за потпомагање на компаниите од дадениот сектор за пласман на нивните производи на европскиот пазар, но и на пазарите од регионот.

    Во насока на поддршка на Проектот и поттикнување на активностите на компаниите од прехранбениот и преработувачкиот сектор, во наредниот месец ГИЗ ќе објави и повик за апликација за бесплатно учество на одреден број селектирани компании, на претстојниот Саем за прехранбени производи „АНУГА“. Како една од најзначајните саемски манифестации за дадената индустрија, за компаниите од регионот „АНУГА“ претставува одлична можност за размена на контакти, know-how и запознавање со најнови „state of art” технологии во индустријата.

    Ова е само еден мал сегмент од започнатите активности коишто до крајот на годината се очекува да бидат финализирани и имплементирани од страна на шесте комори членки на Коморскиот инвестициски форум. Дополнително КИФ продолжува со заложбите за спроведување на зацртаните точки од агендата, со што во наредниот период ќе следат многу нови проекти и активности – се вели во информацијата на м-р Сања Николова, стручен соработник во Стопанската комора на Македонија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично