ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка објави оглас за продажба на превземен имот

    Време зa читање: 5 минути

    Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот:

    1. Производен погон во Тетово запишан во ИЛ 38489 за КО Тетово 2 лоциран на ул.Илинденска бр.228 со вкупна површина од 1.281 м2  со  земјиште под објект за минимална/почетна цена од 205.000 ЕУР;
    2. Фарма за одгледување на прасиња во с. Тркање, Кочани запишана во ИЛ 1157 за КО Тркање со вкупна површина од 595 м2 со земјиште од 2.783 м2 за минимална/почетна цена од 40.000 ЕУР;
    3. Спрат од куќа во Струмица на ул. М.Тито бр. 158 Струмица 1 кат од  67 м2 запишан во ИЛ бр.13407 за КО Струмица за минимална/почетна цена од 9.700 ЕУР;
    4. Деловен простор во с.Турново, Струмица на м.в. Турново 152 од 157 м2 и земјиште од 779 м2 запишан во ИЛ бр.700 за КО Турново за минимална/почетна цена од 6.500 ЕУР;
    5. Производна хала со административен простор во Скопје лоциран на КП 7083/3 за КО Злокуќани со вкупна површина од 1.751 м2 со право на сопственост на земјиште под објект и двор со површина од 556 м2 за минимална почетна цена 583.000 ЕУР. НАПОМЕНА: над земјиштето на КП 7083/3 постои право на нужен премин (без надоместок) – стварна службеност.
    6. Деловен простор во Кочани на ул. Г. Делчев, Кочани, зграда бр.1, влез 3, приземје од 32 м2 запишан во ИЛ бр. 13428 за КО Кочани за минимална почетна цена од 3.046 ЕУР;
    7. Деловен простор во Кочани ул. Г. Делчев, Кочани, зграда бр.1, влез 3, приземје од 40 м2 запишан во ИЛ бр. 13428 за КО Кочани за минимална почетна цена од 3.176 ЕУР;
    8. Куќа во с.Радишани, Скопје на ул.Радишанска бр.216А (ПР+МА) со вкупна површина од 109 м2 и земјиште со вкупна површина од 785 м2 за минимална/почетна цена од 26.000 ЕУР.
    9. Куќа во с.Јанковец, Ресен на ул.Јаковец бр.330 со вкуна површина од 171 (ПР+01) запишан во имотен лист бр.118 за КО Јанковец за минимална/почетна цена од 27.500 ЕУР.
    10. Спрат од куќа во Битола ул.Караорман бр.15 со вкупна површина од 93 м2 (1 кат) за минимална/почетна цена од 14.000 ЕУР;
    11. Спрат од куќа во Битола ул.Охридска бр.188 со вкупна површина од 93м2 за минимална/почетна цена од 16.100 ЕУР;
    12. Куќа во с.Здуње, Гостивар со површина од 579 м2 (ПО+ПР+01) и земјиште од 542 м2 за минимална почетна цена од 55.000 ЕУР;
    13. Куќа во Скопје ул.Алија Авдовиќ бр.38А Скопје со вкупна површина од 225 м2 за минимална/почетна цена од 9.000 ЕУР.

    Продажбата се врши на принцип видено-купено без допонителни приговори за било какви физички или правни недостатоци на имотот.
    Во цената на имотите под точка 1, 2, 4, 5, 6 и 7 не е вклучен  ДДВ од 18% и истиот го плаќа купувачот.
    Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.
    Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди.
    Недвижниот имот ќе се продава во готово или  на кредит.

    Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.  
        
    Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:

    • Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со  имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
      –    Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
      –    Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ  не постара од 6 месеци),
      –    Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.
    • На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
      –    цената која се нуди за купување на недвижноста;
      –    согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
      –    согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.

    Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 – МКД 113660111  со назнака: ,,депозит за учество на лицитација”, или да депонираат како залог во СБ средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со минимална/почетна цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со минимална/почетна цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕУР.

    Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.

    Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.

    Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.

    Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР пресметана според  средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето.

    Рокот за доставување на Понудите е 02.09.2020 година.

    Дополнителни информации на телефон:  02/3295-280,  02/3295-283 и 071/223 636

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично