ПОВЕЌЕ

    Како најлесно да привлечете пари?

    Време зa читање: 3 минути

    Ако можете да си го дозволите она што го сакате, тоа ќе ве направи среќни, можеби не долгорочно, но во тој момент сигурно да.

    Ако немате доволно пари ќе се чувствувате заробени, несреќни и повлечени.

    Жените особено имаат комплициран однос со парите, бидејќи за разлика од мажите, тие парите ги трошат на емотивен начин. Жените знаат шопингот да го користат како начин за подобрување на расположението, бидејќи купувањето го зголемува нивото на ендорфин, дури и ако подоцна доведува до каење.

    Проблемот е во тоа што жените често не ја преземаат контролата над своите пари, многу жени финансискиот менаџмент им го препуштаат на мажите, татковците или експертите, дури и кога се финансиски самостојни.

    Во својата книга „How To Become a Money Magnet“, авторката Мари-Клер Карлајл им помага на читателите да ги идентификуваат верувањата кои ги спречуваат да ги привлечат парите во нивниот живот и им нуди алатки за надминување на тие проблеми.

    Таа за себе признава дека нема проблем со заработувањето, но не ги почитувала парите, трошејки многу, што подоцна ја довело до долгови. Пет години потоа спровела истражување во кое сакала да открие зошто и покрај добрата заработувачка и одличните квалификации не успеала да се збогати. На крајот дошла до заклучок дека во целиот процес на привлекување на парите кон себе најважна е љубовта, и тоа љубовта кон себеси.

    Според нејзините објаснувања парите сами за себе немаат вредност. Ако се најдете во пустина се што би посакале е чаша вода, а не пари.

    За почеток е најважно да сфатите колки пари имате или немате. Многумина толку многу се плашат од парите што не се свесни колку имаат или немаат.

    Повеќето луѓе секогаш бараат некој друг кој ќе биде виновен што тие немаат пари, а овој начин на размислување ги доведува до поголеми проблеми.

    Мари-Клер нагласува дека е најважно да сфатиме колку пари имаме и во согласнот со тоа и да трошиме, не обидувајќи се сами да си го зголемиме стандардот.

    Втората цел е да дефинираме колки пари бараме и да се стремиме кон таа бројка, но не да трошиме однапред, бидејќи на тој начин се одалечуваме од саканиот износ, наместо да се приближуваме.

    Дефинирајте се што сакате да постигнете и до кој датум. Претворете ја целта во парична вредност. За да можете дотогаш да постигнете толку, пресметајте колку пари месечно треба да издвојувате? Но бидете реални, таа сума треба да ја одвојувате од вашата плата.

    Бидете одговорни кога зборувате за пари. Не треба да бидете негативни кон парите, ниту кон оние кои ги имаат или немаат.

    Нешто што не можете да си го дозволите, јасно признајте дека тоа е така. А потоа запрашајте се како би можеле да стигнете до тоа. Купете го откако ќе пронајдете задоволувачко решение кое во исто време ќе биде реално и нема да ве доведе до долгови.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично