ПОВЕЌЕ

    Како Ворен Бафет ги постигнува своите цели?

    Време зa читање: 2 минути

    Ворен Бафет, е без сомнение, еден од најуспешните инвеститори на сите времиња. Иако е познат по неговите финансиски совети, самиот Бафет го идентификуваше неговиот фокус и продуктивноста како еден од најголемите клучеви за неговиот успех. Па, како можете да го постигнете неговиот ласерски фокус? 

    Запишете 25 работи кои сакате да ги постигнете. Сè што ви доаѓа на ум. Сите работи кои сметате дека се битни за успех во вашиот живот. Потоа заокружете ги вашите 5 најбитни цели. Секако, овој чекор ќе биде потежок и помалку интересен од првиот. Откако ќе ги заокружите 5те најбитни цели, ќе имате две групи на цели. Според Бафет, голема грешка би било да се фокусирате на 5те цели и потоа да работите повремено на останатите 20. Паметно би било да заборавете на тие 20 цели, сè додека не успеете со своите топ 5. Бидејки според познатиот инвеститор, предмети на вашата втора листа се работи за кои се грижите. Тие се важни за вас, па затоа е многу лесно да се оправдате да поминете време фокусирани и на нив. Но, кога ќе ги споредите со вашите топ 5 најдобри, тие работи не се ништо друго освен одвраќање. Трошење на време на секундарни приоритети е причина да имате 20 полу-готови проекти наместо 5 завршени. 

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично