ПОВЕЌЕ

    Приоритети на ТТК Банка: Ликвидност и долгорочна стабилност

    Време зa читање: 2 минути

    Што се може да донесе годинава, не е упатно да се прогнозира поради сплетот од неизвесности надвиснат врз светот. Војната на украинската територија е локална, но последиците се глобални, а во сенката на тие случувања се уште се присутни и влијанијата од ковид пандемијата.

    Внимателно и во наредниот период, се насоките на ТТК Банка, со најава дека детално ќе се анализираат тековните макроекономски параметри, ќе се следат мерките, активностите и предвидувањата на економските авторитети, на носителите на економските политики и на операторите. Кон тоа ќе се прилагодуваат сопствените индикатори, при што работењето на Банката и натаму ќе се одвива согласно пазарните услови. Со цел – одржување на ликвидноста и долгорочната стабилност

    Реалните и предвидливите очекувања се водилки во делувањето на ТТК, кое ќе остане проактивно, а силите насочени кон стабилно и профитабилно оперативно работење. Кредитирањето на малите и средни претпријатија, како и на граѓаните е активност во која се полагаат големи надежи. Оттаму и очекувањата дека во државата ќе закрепнат економските активности, што дополнително ќе ја поттикне потребата од кредити и нивната побарувачка. Во тој контекст, од Банката се обврзуваат дека ќе направат се што е во нивна моќ за одржување на квалитетот на портфолиото. Што подразбира нови производи и флексибилни решенија соодветни на потребите од клиентите, особено на најзасегнатите од кризата. Воедно, дел од понудата ќе бидат и новите „зелени“ кредити.

    Активностите ќе се одвиваат плански, согласно деловната политика. Од банката велат дека и во наредниот период ќе се развива на дигитализацијата на процесите, ќе се работи на усогласување со барањата на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, ќе се надградуваат производите и услугите достапни преку дигиталните канали…

    Во вкупните извори на средства, и годинава треба да доминираат граѓанските депозити, нагласуваат од ТТК Банка, а потпирањето врз сопствените ресурси на финансирање и понатаму ќе е основата на нивната деловна стратегија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично