ПОВЕЌЕ

    Приходите од ископувањето биткоин скокнаа за 50% за еден месец

    Време зa читање: 3 минути

    Поради тоа што биткоинот останува добро позициониран за стабилно закрепнување, индустријата за ископување беше сведок на раст на приходите од 50% во однос на американски долари. Како што биткоинот покажува мал напредок, едногодишната борба за опстанок на поврзаните екосистеми за ископување почнаа да се исплатат. Во првиот месец од 2023 година, заедницата за ископувањето биткоин доживеа зголемување на приходите од 50% преку награди за рударство и такси за трансакции.

    На 28 декември 2022 година, приходите од ископувањето биткоин паднаа на 13,6 милиони долари за прв пат од октомври 2020 година. Ова, заедно со зголемувањето на цените на енергијата во услови на геополитички тензии, наметна огромен финансиски притисок врз компаниите за ископување, принудувајќи некои да се затворат.

    Бидејќи биткоинот останува добро позициониран за стабилно закрепнување,  индустријата за ископување беше сведок на раст на приходите од 50% во однос на американски долари, како што е прикажано подолу.

    Сега приходите од ископувањето на биткоин скокнаа од 15,3 милиони долари на 1 јануари на речиси 23 милиони долари во период од 30 дена. Како што повеќе копачи се приклучуваат на моќта и ја обезбедуваат децентрализираната мрежа на биткоин, стапката на hashrate (хашрејт- мерка за тоа колку пресметки може да се извршат во секунда и може да се мери во милијарди, трилиони, квадрилиони и квинтилиони, н.з.)  продолжува да прави нови највисоки достигнувања на сите времиња. Во моментот на пишување, стапката на хаш на Биткоин изнесуваше околу 300 егзахаши (1 егзахаш- 1 квинтилион хаши) во секунда.

    Една од најголемите критики на биткоин останува високата потреба од енергија за водење на механизмот за консензус за доказ за работа. Во октомври 2022 година, Cointelegraph објави дека Биткоинот бележи зголемување од 41% во потрошувачката на енергија од година во година.

    Како и да е, обидот за набавка на позелена енергија за напојување на капацитетите за ископување на Биткоин има за цел да ја реши тешката ситуација. Една компанија за ископување неодамна искористи извор на заглавена енергија во Малави, земја без море во југоисточна Африка.

    Како што објави Cointelegraph, проектот – преземен од Gridless – користи 50 киловати заглавена енергија за да се тестира како нова локација за биткоин-рударство.

    Зборувајќи за целокупното влијание на иницијативата, Ерик Херсман, ко-основач и извршен директор на Gridless, изјави: „Развивачот на електрична енергија ги изгради овие моќници пред неколку години, но тие не беа во можност да се прошират на повеќе семејства бидејќи тие се едвај профитабилни и не можеа да си дозволат да купат повеќе метри за да поврзат повеќе семејства. Така, нашиот договор им овозможи веднаш да купат уште 200 метри за да поврзат повеќе семејства“.

    Дополнително, еколошкиот отпечаток на објектот за ископување на биткоин е низок бидејќи тече исклучиво од хидроенергија базирана на река.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично