ПОВЕЌЕ

    6 причини зошто треба да инвестирате во иновација

    Време зa читање: 3 минути

    Зошто треба да инвестирате во иновација? Вакво и многу слични прашања поставуваат секојдневно различни претприемачи и тука би сакале да презентираме 6 причини кои ги даваме како одговор на прашањето.

    Инвестиција во иновација не значи автоматски инвестиција во форма на пари. Кога зборуваме за инвестиција во иновација мислиме на инвестиција на пари, време, човечки и други ресурси за да еден иновациски процес профункционира во вашата компанија.

    Да ги разгледаме шесте најважни причини зошто треба да инвестирате во иновација.

    1. Иновацијата ќе донесе нова свежа бизнис потенцијална енергија во вашата компанија. Вашата бизнис потенцијална енергија е се онаа што додава потенцијална енергија која може да се искористи во зголемување на перформансите на бизнисот. Се онаа ново во вид на нови производи, услуги или бизнис модел, ќе донесе дополнителна свежа бизнис потенцијална енергија во вашата компанија. Застоа секогаш кога ќе внесете нешто ново во вашите деловни процеси ќе се зголеми вашата бизнис потенцијална енергија.
    2. Иновација овозможува раст на компанијата. Иновација во нови производи, услуги или бизнис модел едноставно значи раст на вашата компанија. Овие иновации носат експанзија на нови пазари, нови сегменти на купувачи, дополнителни приходи, и поголема профитабилност. Без иновација, ќе продолжите да работите на истиот начин дури и кога вашите купувачи и потенцијални купувачи сакаат нешто повеќе, нешто сеуште неочекувано, и нешто подобро за нив.
    3. Иновација ќе ја направи вашата компанија поефикасна компанија. Доколку вашата компанија е компанија која инвестира и ја користи иновацијата како нешто вообичаено во секојдневното работење, тогаш вие сте некој кој постојано работи на подобрување на вашите процеси и имплементира сосема нови процеси со цел да бидете поефикасна компанија. Подобрување на тековни процеси и имплементација на нови процеси се резултати на тековниот иновациски процес во вашиот бизнис.
    4. Иновацијата ќе ви помогне во креирање на иновативен бренд за вашата компанија. Размислете за момент за компании кои оставиле силен впечаток кај вас. Кои се тие? Што прават тие? Зошто ве импресионирале? Одговорете ги овие прашања и ќе видите дека иновативноста е нешто што е вградено длабоко во нивниот успех за да импресионираат луѓе како вас. Иновативни компании привлекуваат медиуми, луѓето зборуваат за нивната иновација и ги споделуваат високите импресии со други луѓе.
    5. Иновација ќе ви помогне во привлекување на повеќе купувачи. Секој збор и секоја реченица која доаѓа од луѓето надвор од вашата компанија креира високо ниво на доверба и репутација истовремено креирајќи високо ниво на привлекување на купувачи. Кога иновирате производи или услуги кои носат вредност за купувачите, не можете да ги спречите луѓето да зборуваат за вас, вашата компанија и вашите иновации. На таков начин привлекувате многу поедноставно повеќе купувачи.
    6. Иновацијата ќе ви помогне да привлечете поквалитетна работна сила. Секој сака да работи за некого кој создава огромно влијание во светот во кој што живееме. Вашата иновативност не само што ќе ја подобри вашата компанија или што ќе ви помогне во обезбедување на раст, туку и ќе ви помогне во привлекување на вешта работна сила што пак повторно ќе ви помогне во растењето и подобрувањето на се онаа што го правите досега.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично