ПОВЕЌЕ

    ПРЕД КРИВИЧЕН ПРОТЕСТИ, ВО ФИНАНСИИ СИНДИКАТИТЕ И ВЛАДАТА на добар пат до договор за платите

    Време зa читање: 4 минути

    Додека судските служби протестистираа дека од нивните пари се двои за платите на функционерите, во Министерството за финансии е направен значаен чекор за растот на примањата во јавниот сектор

    Ставовите на синдикатите и на властите се приближуваат. За многу кратко време ќе има и заедничко решение за платите во јавниот сектор, за процентот на раст, дали ќе има и во кој износ ќе биде регресот за годишен одмор, изјави по средбата во Министерството за финасии, синдикалниот лидер Слободан Трендафилов. Ресорното Министерството треба да направи дополнителни пресметки и да ги достави до синдикатите кои ќе носат одлуки во нивните органи и тела. Нова средба е договорена за во понеделник.

    Според Трендафилов, се зборувало за можностите платите да се зголемат за 14,2, 12,5 или за 10,9 насто, но важно е да се утврди со кои параметри ќе се притапи кон основицата на платата. До наредната средба синдикатите треба да изградат заеднички став за тоа до каде е прифатлива владината првична пресметка. Но, и Владата треба да изработи прецизни пресметки согласно предлогот на синдикалците стапката на ланската инфлација од 14,5 проценти да биде реперот за зголемување на примањата во јавниот сектор.

    – Треба да бидеме задоволни ако постигнеме вакво зголемување на платите во јавниот сектор, како и од висината на регресот за годишен одмор. Битно е да се знае дека владините претставници на состанокот имаа разбирање за нашите барања“, нагласи Трендафилов, кој очекува сите вработени во тој сектор од септември да добијат исто зголемување.

    Легитимни се синдикалните барања, смета министерот за финансии, Фатмир Бесими, бидејќи се борат со инфлацијата за одржување на животниот стандард.

    – Барањата на синдикатите се легитимни. Тие се борат за одржување на животниот стандрад пред инфлацијата. И ние за тоа се залагаме, но разговараме со нив за чекор понатаму. Разговорите се во тек, не можеме сите аспекти во детали да ги објавиме, зашто не се целосно усогласени, но генерално сме согласни и ќе бидеме прва држава во светот што ќе ги индексира платите во јавниот сектор со просечната бруто плата. Има примери со инфлација и со минимална плата, а со просечна бруто плата што е во интерес на вработените, можеби ќе бидеме први што користиме ваков модел“, наведе Бесими.

    Денешните разговори се водеа додека на друга локација, пред Кривичниот суд, незадоволни од ниските плати и неисплатените ветени додатоци протестира Независниот синдикат на државната администрација и Синдикатот на судската служба. Со транспаренти „За вас сте мајка, за нас маќеа“ и „Европски плати за вас, а за нас нема ни 25% додатоци“. Како што посочија, револтот е зголемен особено по одлуката на Уставниот суд, со која платите на избраните и именуваните лица се зголемени за 78 проценти, а судските работници повеќе месеци не добиле додатоци од 35 отсто на платата.

    Вработените во судските служба во државата реагираат дека е срамно тоа што се кратат нивните додатоци за да се покријат платите на функционерите, и побараа да добијат 30 проценти од додатоците кои им следуваат.

    Освен тоа, укажаа дека службениците работат и по две смени за да ги прехранат семејствата, принудени се да доставуваат решенија за пресуди, а немаат легитимации. , а одат до ризични места да доставуваат пресуди, затворски казни. Јасмина Величкова, претседателка на Независниот синдикат на судската служба посочи дека минатата недела  добиле ветување од претседателот на Судскиот совет за додаток.

    „Истиот ден изгласа додаток за службите на Судскиот совет и Академијата за судии, а за нас само пет насто, но немаме одлука ниту за тие. Оваа одлука е многу срамна. Ние бараме зголемување од 30 проценти. Се до изгласувањето на одлуката од 78 проценти за функционерите, се исплаќаа, од тогаш немаме додатоци. Од наши средства се двои за функционерите, многу срамно“, децидна е Вељанова.

    Горан Ристевски од Независниот синдикат на државната администрација упати на тоа дека незадоволство има и во другите органи – Царина, УЈП, затворскиот систем. А, протестот го организирале поради тоа што Судскиот совет нема слух, а најави дека ќе следат и нови протестни собирања доколку не се уважат нивите барања.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично