ПОВЕЌЕ

    ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ: Горан Антевски од НО на Комерцијална банка купи 100 акции

    Време зa читање: 2 минути

    Со вложување во сто обични акции, Горан Антевски го зголеми сопственичкиот удел во Комерцијална банка, каде што е член на Надзорниот одбор.

    Комерцијална банка информацијата ја сподели со инвеститорската јавност преку Македонска берза:

    „Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:

    Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Горан Антевски, Член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 100 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“.

    Вредноста на акцијата на најголемата домашна банка е во постојан подем. Според дневната берзанска листа, вчера последната цена била 16,649 денари.

    Пресметано по тој износ, за стоте акции генералниот менаџер на “Раде Кончар-ТЕП” платил  1.664.900 денари или речиси 27 илјади евра.

    Последниве две недели зачестија објавите дека членовите на раководните структури на Комерцијална вложуваат во акции издадени од Банката. По сто обични акции купија двајца членови на Управниот одбор – главниот оперативен директор Илија Илоски и главниот директор за корпоративно банкарство Билјана Максимовска – Поповиќ.

    По нив, Антевски е првиот член на Надзорниот одбор кој во овој период купува акции. Инаку, НО на Комерцијална банка е во состав Сава Димитрова – претседател и независен член, Таки Фити -заменик претседател и член, Горан Антевски – член, Сашо Наумоски – член, Александра Максимовска – Стојкова – независен член, Ванчо Чифлиганец – член и Фатмир Етеми – член.

    За потсетување,Комерцијална банка 2023 ја заврши со добивка од над 58 милиони евра, а нејзината акција во тргувањето на Берзата постигна највисок промет – 25,6 милиони евра.

    Што се однесува до акциите на Комерцијална банка, кои се убедливо најатрактивни за инвеститорите, вчера биле истргувани 1.183, при што е постигнат промет од 319,7 илјади евра.

    М.А.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично