ПОВЕЌЕ

    Повторно достапен А++ кредитот од Охридска банка наменет за финансирање на енергетско ефикасни производи, со поврат на средства до 20%

    Време зa читање: 3 минути

    Продолжува понудата на А++ кредитот од Охридска банка достапен за физички лица, наменет за реализација на проекти и набавка на опрема и уреди за унапредување на енергетската ефикасност на домот.

    А++ кредитот е дел од кредитната линија од Програмата за финансирање на зелена економија во Западен Балкан (Western Balkans Green Economy – GEFF), поддржана од Европската Унија, со која Европската банка за обнова и развој (EBRD) поддржува и финансира инвестиции и проекти за енергетска ефикасност на домаќинствата во Македонија.

    Со потпишувањето на овој договор во висина од 2,5 милиони евра, во вистинско време на граѓаните им се нуди производ кој овозможува поврат на средства и до 20%, што го прави користењето на А++ кредитот поволно, нудејќи олеснети услови за исплата, особено во овој период на корона кризата.

    А++ кредитот на Охридска банка им овозможува на клиентите да набавуваат производи и да инвестираат во технологии со повисоко ниво на енергетска ефикасност, што придонесува за создавање на енергетско ефикасен дом. Со имплементацијата на технологиите поддржани од А++ кредитот, клиентите ќе заштедат на енергија и ќе ги намалат своите трошоци, а истовремено ќе влијаат на подобрување на квалитетот на живот и животната средина.

    Клучна карактеристика на А++ кредитот е грантовата компонента, односно загарантираниот поврат на средства кој го добиваат корисниците на кредитот, кој достигнува и до 20% од вкупната вредност на инвестицијата, зависно од типот на технологијата која се имплементира.

    Кредитот е со фиксна каматна стапка од 5,55% и се однесува за износи до 20.000 евра, со рок на отплата до 95 месеци. Во текот на вонредната состојба во земјата, а во согласност со мерките на Владата, каматната стапка за оваа кредитна линија ќе изнесува 3,562%, а по завршување на вонредната состојба истата ќе биде пресметувана според редовната камата од 5,55%.

    Овозможениот поврат на средства од 20%, ја прави оваа кредитна линија, привлечна и исплатлива за сите оние кои планираат да инвестираат во својот дом, набавувајќи производи со ниво на енергетска ефикасност.

    Така, во голем број случаи, вредноста на повратот на средствата може во целост да ја надомести вкупната камата за кредитот.

    Процентот на поврат на средства за вкупната инвестиција на клиентот, зависи од видот на производите и/или технологииите кои се купуваат.

    Начинот на пресметка, односно процентот на поврат на средства, може да се прочита на на следниот линк.

    По успешниот пласман на првите две кредитни линии, ова е трет кредитен договор кој Охридска банка го потпишува со Европската банка за обнова и развој, како дел од Програмата за поддршка на зелена енергија. Досега исплатени се вкупно 658 кредити наменети за унапредување на енергетската ефикаснот на домовите на клиентите, во вкупен износ од 4.746.464,11 евра, а вкупниот износ на средства вратени на корисниците на оваа кредитна линија, по основ на грантовата компонента изнесува вкупно 1.289.705,61 евра, што уште еднаш ја потврдува успешноста и исплатливоста на оваа кредитна линија.

    Повеќе информации за начинот на користење на поволностите на А++ Кредитот и за останатите производи на Банката може да прочитате на www.ohridskabanka.mk, на социјалните мрежи, или во експозитурите на Банката ширум земјата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично