Позитивен е исходот од работењето на отворените инвестициски фондови во декември. Забележани се плус 36,7 милиони евра како нето разлика од месечните приливи и одливи на средства. Резултатот доаѓа по неповолните движења во ноември, проследени со негатива од 2,8 милиони евра.
Во декември, според податоците од извештајот на Комисијата за хартии од вреднист, во инвестициските фондови се слеале вкупно 62,3 милиони евра. За еден месец е постигнато зголемување од 57,3 насто. За споредба, во ноември приливите беа во износ од 39,6 милиони евра.
За разлика од претпоследниот месец на 2024, кога одливите беа зголемени за 95,5 проценти со исплатени 42,4 милиони евра, во декември е регистриран обратен процес. Има намалување од 39,54 отсто и сума од 25,7 милиони евра.
Активностите реализирани во декември придонеле за 12-процентно зголемување кај нето-вредноста на отоворените инвестициски фондови. Од ноемвриските 315 милиони евра, на 21,7 милјарди денари, односно 353 милиони евра евидентирани како состојба на последниот ден од декември.