Отсега, пресметката за платен данок на дивиденда исплатена од Комерцијална банка АД Скопје во 2020 година за добивката остварена во 2019 година е достапна во електронска форма преку апликацијата Интернет банка.
Корисниците (физички лица–резиденти) на електронско банкарство на Комерцијална банка, кои во исто време се и акционери на Банката, можат на едноставен и брз начин, откако ќе се најават на апликацијата, да ја симнат потврдата за платен данок. Документот се наоѓа во Главното мени, на линкот „Персонален данок“.
На акционерите, правни лица и физички лица кои не се корисници на електронско банкарство на Комерцијална банка, потврдата за платен данок на дивиденда ќе им биде доставена во печатена форма по пошта.